Неверојатни сцени доаѓаат од дуелот меѓу Ница и Марсеј, во 75. минута настана вистински хаос на теренот. Навивачите влегоа на теренот, сакаа да се пресметаат со фудбалерите.
Ница поведе во 49. минута со голот на Долберг, по што на 15. минути до крајот следеше хаос. Димитри Паје од Марсеј изведуваше корнер, а навивачите го гаѓаа со шишиња, по што тој им возврати на ист начин. Настана вистински хаос на теренот, не се знае дали дуелот ќе продолжи.