Нашиот Дијамант вечерва по година и половина се врати под Везув на “Диего Армандо Марадона“, но сепак тој и Торино беа поразени од Наполи со 2:0. Елмас за првпат откако си замина од Наполи во јануари 2024 година одигра меч за “својот“ Наполи со кого се радуваше на титулата во сезоната 2022/23.
За наполитанците одигра 173 меча во Серија А од 2019 до 2014 и постигна 14 голови.
Елиф Елмас го одигра целиот меч, а треба да се каже дека со аплаузи од фановите на Наполи беше пречекан, како што доликува.
Кога сме кај мечот тимот на Антонио Конте победи со 2:0 и тоа со головите на Мектоминеј во 7. и 41.минута.
Сега Наполи е лидер со 3 бода повеќе од Интер по ова 34.коло.
Нема што, Наполи маршира кон титулата.
На вториот вечерашен меч Аталанта дома одигра само 1:1 против Лече.