Пандев: Благодариме во име на Македонија, за гестот и за прекрасната организација

332

Македонските фудбалски ветерани вчера во Варна, Бугарија одиграа пријателски хуманитарен меч против златната генерација на бугарската фудбалска репрезентација од 1994 година. Мечот беше организиран по повод големата трагедија која се случи во Кочани. Нашите ветерани на крајот славеа со 3:2, а по мечот еден од најдобрите наши фудбалери низ историјата, Горан Пандев, на прес-конференцијата јавно им се заблагодари на организаторите за организацијата на овој натпревар.

„Најпрво сакам да ви се заблагодарувам од наше име, името на цела Македонија, како и од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија. Благодарни сме за прекрасната организација, за нас беше чест да го одиграме овој натпревар со најдобрата генерација на бугарскиот фудбал и се надевам и дека во иднина ќе имаме вакви можности. Ве очекуваме да бидете и наши гости во Македонија. Како што кажа Христо, децата не можеме да ги вратиме, тоа беше голема трагедија не само за Македонија, туку и за цела Европа, која никогаш повеќе а не се случи. Со оваа иницијатива сакавме малку да помогнеме колку што можеме бидејќи спортот е најголем амбасадор. Одигравме добар натпревар, се забавуваме игравме како браќа и навистина ни беше чест што сме тука“, изјави Пандев.

ПретходноЖестоки дуели во Минесота: Гобер со лакт го удри Леброн во глава (ВИДЕО)
СледноЕднаш победник, засекогаш победник: Маестро Кирил Лазаров! (ФОТО)