Ракометарите на Алкалоид вчера напрваија историски подвиг со пласманот во финалето на ЕХФ Европскиот куп. Пред момците на Лазаров останува уште финалниот двомеч со екипата на АЕК Атина, која по пет години повторно ќе игра финале во истото ова натпреварување, откако во сезоната 2020/21 успеа да го освои пехарот.
Ждрепката на која ќе се одлучи дали првиот натпревар од финалето ќе се игра во Грција или во Македонија е закажана за утре во 11 часот во Виена.
Првиот натпревар ќе се одигра на 17/18 мај, додека новите шампиони ќе го подигнат трофејот на 24/25 мај по реваншот од финалето.