Од хуманитарниот меч Бугарија – Македонија собрани над 60 000 евра

205

Изминатиот викенд во Варна, Бугарија, се одржа хуманитарниот меч помеѓу фудбаските легенди на домаќинот и Македонија. Плејада од врвни мајсотри на фудбалската игра од типот на Стоичков, Божинов, Пандев, Христов, Најдоски и многу други беа дел од овој хуманитарен спектакл кој имаше за задача да собере средства за помош на семејствата на настраданите во катастрофата во Кочани.

Бугарските медиуми денеска објавуваат дека од натпреварот се собрани преку 60.000 евра што секако е одлична вест. Истите веднаш по испочитуваната процедура ќе бидат распоредени на семејствата во Кочани.

Ова е голем гест, организиран од нашиот источен сосед и од фудбалските легенди на оваа земја, кои што во оваа прилика покажаа колку се големи не само на теренот туку на надвор од него.

 

ПретходноДоминација за „трилинг“ на Брестовац во Катар: Со 17 победи и еден пораз до титулата!
СледноНестор тресе за Славен седми пат сезонава (ВИДЕО)