Илија Несторовски и натаму е еден од најдобрите напаѓачи во шампионатот на Хрватска, иако реално се смета за ветеран. Нашиот интернационалец очигледно има уште многу што да каже на фудбалскиот терен, а тоа на своја кожа противниците на Славен Белупо сезонава по седми пати го чувствуваат на своја кожа.
Предмалку Несторовски реализираше против тимот на Истра на свој терен израмнувајќи го резултатот на 1:1. На асистенција на Гргиќ, Нестро одлично пласираше за изедначување, постигнувајќи го седмиот гол сезонава.