Манчестер Сити оваа недела ќе го има последниот обид да го купи англискиот репрезентативен напаѓач Хари Кејн од Тотенхем. Новинарот Николо Шира ја потврди веста, наведувајчи дека Сити веќе постигнал договор со напаѓачот.
Се споменува личен договор до 2026 година. Но, Тотенхем не сака да се раздели со играчот и бара 175 милиони евра за неговата слобода.
Претходно беше објавено дека Жорге Мендеш, агентот на португалскиот напаѓач од Јувентус, Кристијано Роналдо, му го понудил на раководство на англискиот клуб токму искусниот фудбалер на „Старата Дама“ кој очигледно годинава нема да ужива полна доверба кај новиот тренер на Јувентус, Масимилиано Алегри. Од Сити не се заинтересирани за Роналдо, па оваа недела ќе имаат последен обид да го убедат Тотенхем да им го продаде Кејн.