По вчерашниот дуел со Академија Пандев во Струмица, со реакција на судењето се јавија од ФК Ренова од Тетово.
„Прашање до Судиската организација: Дали ние другите клубови треба да се повлечеме кога играме против Академија Пандев?!!! Бидејќи ова што се случува во првите четири меча од првенството е организиран криминал во нивна корист и на штета на другите клубови. На почетокот на второто полувреме кога резултатот беше 0:1 во корист на нашиот клуб, судијата стартуваше со своите методи, мислејќи на погодоци од пенали кои не постоеја, корнери кои не постоеја…. додека не го свртеа резултатот. Сите реакции на другите клубови беа оправдани. Не сакаме да реагираме, но не можеме ни да ги затвориме очите“, велат од Ренова.