Антиќ се сретна со Главчев: Мојот пријател Томица ја има мојата поддршка, тој е вистинскиот избор за нов претседател

295

Откако стана јасно дека на вонредното Собрание на КФСМ закажано за попладнево ќе се случи промена на претседателското место, денеска во просториите на КФСМ се сретнаа актуелниот Претседател на Кошаркарската Федерација, Перо Антиќ, и господинот Томица Главчев.

Господинот Главчев ќе биде единствениот кандидат за избор на нов Претседател на Федерацијата на вонредната седница на Собранието на КФСМ.

„Ми претставува особена чест и задоволство што денеска го пречекав идниот претседател на Кошаркарската Федерација, која беше мојот дом во изминатите шест години. Мојот пријател Томица ја има мојата апсолутна поддршка и верувам дека тој е вистинскиот избор за напредокот на кошарката во Македонија. На новиот Претседател му посакувам среќа и успешна работа во години што следат“, го поздрави Антиќ својот наследник.

ПретходноИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ: ВИДЕОЛОТАРИЈА СО 4.315.391 ДЕНАРИ, ГО РЕКОНСТРУИРАШЕ ДВАЕСЕТТОТО ИГРАЛИШТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
СледноДербито на „Чаир“ меѓу Шкупи и Вардар ќе се одигра во сабота