Ракометната федерација на Македонија го исклучи Фруитленд Борец од натамошните натпревари во плеј-аут зоната во домашното ракометно првенство, заради кршење на правилникот.
Тимот од Велес допатува кај Еурофарм Пелистер 2 со девет играчи, па заради тоа не беше одигран мечот во Купот на Македонија. Според правилникот за натпревари на натпревар еден клуб треба да пријави најмалку 12 играчи.
Информацијата за исклучувањето на Фруитленд Борец од РФМ ја потврдија и на ждрепката за судии во претстојното коло во Суперлигата.
Сите преостанати мечеви на велешкиот тим ќе се регистрираат со службена победа на ривалите.