А како може поинаку кога играат Хајдук и Динамо Загреб, кога ќе зовријат страстите. Имено утринава нешто пред 9 часот во една од приградските населби во Сплит, дојде до масовна тепачка меѓу фановите на двата хрватски гиганти. Се судрија членови на “Торцида“ и “БББ“. Според медиумите во Хрватска, ова била договорена тепачка во која учествувале по 200 фанови од двете страни.
Веднаш по избивање на тепачката дошле голем број полицајци.