Баерн Минхен не успеа да ја освои 34-та титула во Германија уште денеска, откако дозволи да прими гол во судиското продолжение на мечот со Лајпциг и да остане без победа и три бода. Лајпциг го пречека моментално првопласираниот тим во германското првенство и успеа на крајот да извади 3:3, иако на стартот домашните водеа со 2:0, па Баерн во вториот дел направи целосен пресврт за 2:3. Сепак во самата завршница со голот на Јусуг Поулсен „биковите“ дојдоа до 3:3 и ја одложија радоста за новата титула на Баерн (М) за следното коло.
Во останатите натпревари беа постигнати следните резултати:
Ст. Паули – Штутгарт 0:1
Борусија (М) – Хофенхајм 4:4
Унион Б. – Вердер 2:2
Standings provided by Sofascore