Трапановски влезе од клупа и за три минути погоди, Данди Ј. сепак поразен

124

Македонскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Трапановски погоди на денешниот натпревар во шкотската Премеирлига за неговиот Данди Јунајтед на гостувањето кај Хиберниан во поразот од 3:1. Откако доби шанса во составот на гостите на стартот на второто полувреме, само 3 минути му беа потребни да ја затресе мрежата на домашните.

Во тоа време Хиберниан веќе имаше водство од 2.0, па голот на Трапановски само ја намали негативата за гостите. Бабунски беше стартер во тимот на Данди Ј., но ја напушти играта на стартот на вториот дел.

За Трапановски ова беше трет сезонски гол во дресот на Данди Ј.

ПретходноБундеслига: Лајпциг ја одложи прославата на титулата на Баерн (М)
СледноПМФЛ: Вардар покажа сила на Чаир и славеше со лесни 0:2! (ВИДЕО)