Екипата на Лацио според планираното денеска на отворањето на Серија А програмата успеа да слави на гостувањето кај „давеникот“ во шампионатот, тимот на Емполи.
Со еден еденситвен постигнат гол и тоа во првата минута од мечот, преку Боулаје Диа.
Потоа на овој меч мрежите повеќе не се затресоа но затоа имаше две исклучувања. Коломбо кај домашните уште во првиот дел, и Хисај на петнзесет минути до крајот на мечот кај Лацио.
Гостите со овој триумф стигнаа до 63. бод сезонава и четврта позиција, додека Емполи има 25 бода, и сеуште нерешен проблем со испаѓање во ранг подолу.