Јунајтед поведе па доживеа дебакл од Брендфорд

143

Тимот на Манчестер Јунајтед им се врати на старите навики кои ги има сезонава особено во Премиер лигата. Попладнево на гостувањето кај Брендфорд тимот од Олд Трафорд поведе со 0:1 за да до крајот на мечот доживеа вистинска катастрофа и пораз од 4:3.

Откако Маунт донесе 1:0, Лук Шо си постигна автогол за 1:1, а потоа Кевин Шаде во 33. минута носи 2:1. Германецот во вториот дел погодува за 3:1, а Виса ја носи катастрофата на Јунајтед. Гарначо со прекрасен гол намали на 4:2, а голот на Диало ги постави конечните 4:3.

Брајнтон на свој терен преку Минтех поведе со 1:0 против Њукасл, но пеналот на Исак во последните моменти од мечот го постави конечниот резултат од 1:1.

Со истиот резултат заврши и мечот Вест Хем-Тотенхем. Одоберт донесе гостинско водство, а Боувен изедначи за реми на овој дуел.

 

ПретходноЛазаров: Немаме право на грешка! Кога ќе кажете Литванија, мислите на кошарка, но не е така!
СледноКузмановски: Ќе одиграме најдобро, целта ни е пласман на Европското првенство!