Уф, каков фудбал, каков спектакл на “Меаца“. Вечерва по 90.минути Интер и Барса одиграа 3:3 или вкупно 6:6. Па затоа ќе мора да се играат продолженија.
Интер имаше водство од 2:0 со головите на Лаутаро и Чалханоглу. Гарсија, Олмо и Рафиња направија пресврт за 2:3, но Ачерби во 90+3.минута постигна гол за 3:3 за еуфорија на “Меаца“.
Ова е едно од најдобрите ако не и најдобро полуфинале во историјата во ЛШ.
Одиме натаму, одиме во продолженија.