Покрај Олимпијакос и Фенербахче, вечерва ги добивме и останатите два учесника на Ф4 во Дубаи во Евролигата.
Прво Монако ја доби мајсторката со Барселона и тоа со резултат 85:84. Треба дасе каже дека Пантер имаше шанса за победа, но беше себичен и Монако славеше пласман во завршницата.
Во вториот меч Ефес едноставно беше немоќен во “пеколот“ во Атина. Четата на Атаман славеше со 75:67 и со тоа ја доби серијата со 3:2 заслужено се пласира на Ф4.
Во секој случај на завршницата се пласираа екстра квалитетни екипи кои гарантираат возбудлив турнир.