Интер – Барселона 4:3 и тоа по продолженија. Ова е епилогот од реванш мечот од 1/2 финалето во Лигата на Шампионите вечерва на “Џузепе Меаца“ во Милано. Ова е епилогот од епското полуфинале кое ќе се памети со децении, ова беше фантазија од фудбал и Интер во финале, во своето седмо во клупската историја.
Интер водеше со 2:0, па беше 2:3 за Барса. Со тие 3:3 се замина во продолженија а таму Фратези стрелаше за конечна победа на Интер од 4:3 и за пласман во финалето.
Davide Frattesi GOAL to get #Inter BACK INTO THE LEAD IN THE 99TH MINUTE!!! ⚽️🇮🇹⚫️🔵
— Inter Xtra (@Inter_Xtra) May 6, 2025
Интер беше подобар со севкупни 7:6.
За историја.
Интер започна агресивно, силно, како да сакаше да покаже дека тој е “газда“ на својот стадион. Имаше и неколку полушанси, ама водството дојде во 21.минута кога на додавање на Дамфрис, на Лаутаро не му беше тешко да ја погоди празната мрежа на Шчесни за 1:0. По тој гол Барса како да се разбуди, имаше неколку закани, ама Интер преку Мкхтарјан и Барела можеше да дојде до 2:0.
А дојде во судиското продолжение и тоа од пенал. Кубарси стартуваше врз Лаутаро.Судија Марчињак прво не реагираше, но тука беше ВАР, и затоа мораше да види дополнително кога се увери дека имаше пенал. Чалханоглу беше прецизен за 2:0, резултат со кој се замина на пауза.
Уште од почеток на второто полувреме Барса тргна на се или ништо. Се играше 54.минута кога Гарсија со прекрасен гол намали на 2:1. Истиот играч само неколку минути подоцна имаше зицер, и повеќе од зицер, но Зомер на фантастичен начин го спаси својот гол.
Сепак во 60.минута Олмо погоди за 2:2. Што ли се случува со Интер?
Гледаме спектакл. Барса е во налет. Имаше шанси гостинот, Јамал во два наврати прекрасно шутирашем, но Зомер блескаше на голот на домашниот тим. Во два наврати на фантастичен начин не дозволи 2:3 за Барселона.
Но Рафиња во 88.минута со голот од Рафиња, од втора, постигна гол за 2:3, за целосен пресврт.
И тоа не беше се. Се играше 90+3.минута кога Ачерби постигна гол за 3:3.
Па така ова епски меч отиде во продолженија.
А таму во 99.минута Фратези со прекрасен гол за 4:3 за Интер. Во 114.минута Зомер му фати уште еден зицер на Јамал, блескава одбрана.