Чолаковски и Божиновски на пат за Македонија

697

Македонските интернационалци од Австралија Стефан Чолаковски и Метју Божиновски се на пат да нашата земја. Обајцата се на списокот на селекторот до 21. година Драган Канатларовски кој утре најдоцна в среда ќе го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за претстојните квалификациски дуели против Франција и Србија. Истите се играат на 2. односно 7 септември и се клучни за оваа кампања.

Стефан Чолаковски за прв пат ќе и се претстави на Македонската јавност. Играчот на Мелбурн Сити е голема надеж на овој клуб, а сега веќе и на нашиот репрезентативен фудбал. Македонија подолго време се обидуваше да го привлече во своите редови, и тој конечно ќе се приклучи на У21 таборот. Божиновски по втор пат е дел од У21 составот, откако одигра одлични минути на тренинг кампот одржан на стартот на летово.

 

 

ПретходноЏердан Шаќири претставен во Лион
СледноМакедонија до 16 години ќе одигра два пријателски натпревари против Турција