Норич се засили со дефанзивец на Манчестер Јунајтед

426

Норвич го ангажираше левиот бек на Манчестер Јунајтед, Брендан Вилијамс на позајмица до крајот на сезоната. „Канаринците“  беа побрзи од Њукасл и Саутемптон, кои исто така имаа интерес и за младинсккиот репрезентацивец на Англија. Вилијамс е десеттиот нов играч на Норич ова лето.

” За прв пат играм за различен клуб, и навистина сум возбуден. Ова е голем клуб и ми се допаѓа начинот на кој игра тимот. Норич сака да игра фудбал.Едвај чекам да се сретнам со сите. Имам чувство дека ќе биде добра година”, рече Вилијамс, кој грото од своите настапи изминатиот период ги имаше за тимот на Јунајтед до 23 години.

 

ПретходноМакедонија до 16 години ќе одигра два пријателски натпревари против Турција
СледноИ официјално: “Блу Скај“ сега го има Вардар во 100% сопственост!