Аморим: Ако не го добиеме финалето, како да не сме направиле ништо

315

Тимот на Манчестер Јунајтед е во финалето од Лигата на Европа. Клубот од Олд Трафорд синоќа на свој терен го одигра реваншот од полуфиналето против тимот на Реал Сосиедад и со вкупни 7:1 заминува на завршниот дуел.

Јунајтед конечно може да се пофали дека направи нешто добро сезонава, но сепак, менаџерот Рубен Аморим смета дека доколку ова натпреварување не се освои исто какко да не се стигнало до финалето односно не се постигнало ништо посебно.

„Тоа е најмалку што можеме да направиме за овие навивачи, за поддршката што ни ја дадоа во оваа тешка сезона. Веќе сум под стрес за финалето. Ако не го освоиме, како ништо да не сме направиле. Но, среќни сме што сме таму, па ќе видиме. Знам дека морам да бидам подобар менаџер и тимот мора да биде подобар во овој момент, но се обидуваме. Се снајдовме доста добро во Европа, но се мачиме во Премиер лигата“, рече Аморим.

Пофалба за Мејсон Маунт

„Навистина сум среќен за него. Тој е таков играч. Работи навистина напорно, има квалитет. Кога ќе видите човек како Мејсон како работи напорно секој ден, јаде добро, се капе со мраз, кога имате таков играч, едноставно сакате да му помогнете. Тој е совршен за таа позиција бидејќи може да биде играч од средниот ред, но исто така трча како крило, па затоа сум навистина среќен за него. Кога имате полн состав, можеме да размислиме за подобри перформанси. Понекогаш преживуваме со луѓе на различни позиции, но со повеќе опции можеме да ја промениме играта и да продолжиме напред. Тие работи можат да ни помогнат да победуваме на натпреварите“, додаде менаџерот. 

„Само се грижам за следниот натпревар, се надевам дека нема да имаме повеќе повреди за финалето. Ако не победиме, како да не сме направиле ништо. Мораме да имаме полн состав против Тотенхем, да останеме во игра, да имаме малку среќа и мора да бидеме немилосрдни пред голот. Ситуацијата за мене и Постекоглу е доста слична. Тежок момент е за двајцата и еден од нас ќе победи. Ќе биде големо финале и ќе се обидеме да победиме. Тешко е да се опише какво е да се биде менаџер на овој клуб и да сакате да им дадете нешто на навивачите бидејќи бевме толку разочарувачки во Премиер лигата. Мора да ги направиме среќни со трофеј“, заклучи Португалецот.

ПретходноМинесота израмни во дуелот со Голден Стејт (ВИДЕО)
СледноПостекоглу: Возбудени сме што сме во финалето