“Бомба“ од Париз: Мбапе уште ова лето се сели во Реал Мадрид!

611

Се чини дека Килијан Мбапе е пред портите на Реал Мадрид и тоа уште ова лето. Не е тајна дека напаѓачот на “светците“ веќе подолго време посакува да се пресели меѓу “кралевите“, но ново е тоа што раководството на ПСЖ има намера да ја прифати понудата на Флорентино Перез вредна 150 милиони евра. “Светците“ знаат дека следното лето, кога на Мбапе му истекува договорот, нема да земат ниту евро за отштета, па подобро за нив е сега да го продадат во Мадрид.

За возврат ПСЖ би го купил репрезентативецот на Бразил, Ришарлисон.

Значи во следните денови ќе има уште една “бомба“ трансфер во европскиот фудбал. Килија Мбапе во Реал Мадрид.

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Бато, јас дадов гол… и јас бато!
СледноАшковски доби повик од Милевски!