“Чеканите“ удрија по Лестер!

289

Прекрасна партија на Вест Хем вечерва во меч од 2.коло во Премиер-лигата и тоа против Лестер. “Чеканите“ удрија моќно и славеа со 4:1. Сепак треба да се каже дека гостите од 40.минута играа со играч помалку по исклучувањето на Перез. Сепак кој веруваше дека Вест Хем дури со три разлика би можеле да го победат тимот на Лестер, сепак и тоа се случи.

Па така сега по 2.коло, “Чеканите“ се први на табелата со шест бодови, колку што имаат уште четири екипи, но Вест Хем има најдобра гол разлика, благодарение на вечерашната висока победа.

Да споменеме дека стрелци за победничката екипа беа Форналс во 26.минута, потоа Бенрама о 56.минута , а стрелец на два гола беше Антонио, во 80. и 84.минута. Лестер пак преку Тилеменс во 70.минута успеа само да намали на 2:1.

ПретходноИ Милан тргна победнички…
СледноЈувентус одлучи: Роналдо за 25 милиони евра може да си оди!