Тоа е Јунајтед: Гигантот од “Олд Трафорд“ нема да им дава бесплатни билети на своите вработени за финалето во Билбао!

1221

Уште еднаш се покажа дека овој Манчестер Јунајтед е далеку од Интер и ПСЖ. Ако финалистите во ЛШ ќе носат бесплатно сите свои вработени на финалето во Минхен и тие ќе бидат третирани како дел од експедициите, Јунајтед тоа нема да го прави. Имено овој клуб за финалето во ЛЕ има вкупно 15.000 билети и само неколку десетина ќе бидат за своите вработени и ќе бидат влечени на томбола. За останатите ќе им се дадат ваучери за храна и пијалоци и ќе им биде организиран собир во Манчестер. Ова да се смееш или да плачеш.

Од друга страна Тотенхем исто така ќе добие 15.000 билети за финалето во Билбао, и овој клуб ќе им подели по еден на секој свој вработен, вкупно 700, но превозот од Лондон до Билбао нема да им го плати.

Е, па, Јунајтед и Тотенхем не се Интер и ПСЖ и затоа ќе играат во ЛЕ а ГОЛЕМИТЕ ќе играат во Лигата на Шампионите.

ПретходноИ повеќе од заслужено: Ракометарите ќе поделат премија од 3 милиони денари
СледноСамо реми против Џенова: Наполи му дава шанса на Интер