Ако не ова лето, тогаш следното и дефинитивно Флоријан Вирц ќе го облече дресот на Баерн Минхен. Пред неколку дена најдобриот германски фудбалер и раководството на клубот од Минхен ги договориле личните услови, сега на потег е само уште Леверкузен да каже колку чини отштетата за Вирц.
Познато е дека во светот на фудбалот, се разбира трансферите кога се во прашање, ништо не е готово додека не се стави потпис на договорот. Во Баерн Минхен знаат дека фудбалерите се превртливи, посебно ако во игра се Реал Мадрид и Манчестер Сити, па така баварците си се осигурале на сите страни.
Како што пренесуваат медиумите во Германија, Баерн потпишал два преддоговори со Вирц. Првиот е ако оди некаде ова лето тогаш ќе оди само во Баерн, а вториот е ако оди некаде следното лето исто така ќе оди само во Баерн.
Фудбалска Германија се “тресе“, Вирц од Леверкузен во Минхен, само дали ова лето или наредното, зависи од “фармацевтите“.