Попладнево се одиграа сите четири средби од претпоследното коло сезонава во ПМФЛ.
На “Соседското дерби“ бр.79 кое се одигра на ФФМ, Вардар како гостин успеа да го победи Работнички со 0:1 и тоа со голот на Закариќ во 68.минута од пенал. Ова значи дека вардарци ја продолжуваат белескавата серија, ова беше нивни 16 официјален меч во низа без пораз. Вардар беше подобар, имаше повеќе шанси, Закариќ ја погоди и стативата на Работнички. Вардар покажа дека е ВЛАДЕТЕЛ на Скопје.
Тиквеш и официјално и следната сезона ќе игра во ПМФЛ. Кавадарчани денеска освоија бод на Чаир играјќи 1:1 на гости кај Шкупи. Тоа што им тревбаше тоа до тоа и дојдоа.
Струга ТЛ и Брера одиграа 1:1, ова значи дека струмичани во последното коло ќе се обидат да се спасат од баражот.
Силекс и Пелистер во кратово одиграа без голови и освоија по бод.
Познато е дека Беса и Шкендија ги добија службено мечевите со Воска и Гостивар, екипи кои се исфрлени од елитната лига.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 32.КОЛО
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0:1
(/Закариќ (п) 68.)
ШКУПИ – ТИКВЕШ 1:1
(Имери 42./Миловановиќ (п) 39.)
СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР 0:0
СТРУГА ТЛ – БРЕРА 1:1
(Кехинде 17./Ндзенгуе 21.)
БЕСА – ВОСКА 3:0 (СЛ)
ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА 0:3 (СЛ)