Со два гола, Мартин Ивановски денеска дебитираше во дресот на Македонија пред домашната публика. Пресреќен од добиената шанса, но и од пласманот на Македонија на ново ЕП, младиот ракометар по мечот изјави:
„Со оглед на тоа што до пред три месеци бев во втората лига, а сега се пласирав на Европско првенство, ова е голем напредок за мене. Многу сум среќен што добив шанса да играм за Македонија. Мислам дека го дадов максимумот и во следните натпревари ќе бидам уште подобар. Знаевме што сакаме од почетокот, имавме идеја во главата, никогаш не се откажавме. Публиката ни беше наш 8-ми играч и со ладни глави успеавме да дојдеме до победата. Имав малку и позитивна трема, но имав поддршка од сите“.