Вардар во градската пресметка со Работнички успеа да победи со 1:0 и тоа со голот на Закариќ од пенал. И не само поради тоа, според „СпортСпорт“ капитенот на Вардар е играч и на ова 32.коло, туку и поради фактот дека Закариќ беше на своето ниво, беше најдобар на теренот, еднаш ја погоди и стативата и во неколку наврати искреира убави акции на својот тим.
Покрај него во тимот на 32.коло се и Талески, Матиќ и Маневски (Вардар), Стојменовски, Стојкоски и Миловановиќ (Тиквеш), Ристевски (Пелистер), Имери (Шкупи), Кехинде (Струга ТЛ) и Ндзенгуе (Брера).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ГОРАН ЗАКАРИЌ
Тим: Вардар
Роден: 07.11.1992 во БиХ
Кариера:Козара, Широки, Динамо Загреб, Локомотива, Зрински, Железничар, Партизан, Крајова, Борац Бања Лука, Оход, Еоликос, Вардар