Дон Карло како селектор на Бразил ќе заработува 9,2 милиони евра годишно!

140

Нема веќе дилеми, Карло Анчелоти е новиот селектор на Бразил. Остануваат уште три меча да го води Реал Мадрид и потоа се сели во Јужна Америка.

Инаку позната, барем според медиумите во Шпанија и Бразил, и годишната плата на Италијанецот како селектор на најфудбалската земја во светот.

Таа изнесува речиси 10 милиони евра или 9,2 милиони поточно. Ова е двојно повеќе од она што го заработуваше неговиот претходник Доривал, а со оваа сума Анчелоти ќе биде и најплатениот селектор во моментов.

Инаку и не е никакво изненадување што Дон Карло ја презеде селекцијата на Бразил. За ова се говореше месеци наназад, а и тој беше свесен дека без разлика на се, тој мораше да си замине од Мадрид по завршување на сезоната.

ПретходноБостон и Голден Стејт пред елиминација и ужасна повреда на Тејтум! (ВИДЕО)
СледноДали е ова поради Дончиќ: Сите се смеат на тоа како Далас победи во лотаријата за избор за прв пик на НБА драфтот!