Кусо траеше соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, само шест месеци. Она што се шпекулираше тоа сега е и официјално. Мареј не е веќе тренер на најдобриот тенисер во историјата. Велиме очекувано зошто со Мареј како тренер Србинот имаше ужасни резултати.
Секако дека Новак јавно му се заблагодари на својот голем пријател и тоа со одбрани зборови:
“Ти благодарам, тренеру Енди, за сета напорна работа, за забавата и поддршката во изминатите шест месеци, на теренот и надвор од него. Уживав во продлабочувањето на нашето пријателство“ напиша Ѓоковиќ.
По него се огласи и самиот Мареј:
“Му благодарам на Новак на неверојатната можност да работите заедно и му благодарам на неговиот тим за напорната работа во последните шест месеци. Му посакувам се најдобро на Новак во продолжение на сезоната“.