Ако Бразил го освои мундијалот, Анчелоти добива пет милиони евра бонус

100

Покрај десетина милиони нето плата која што му е загарантирана со договорот, денешните бразилски медиуми пренесуваат дека Карло Анчелоти, новиот селектор на „Селесао“ ќе добие бонус од пет милиони евра доколку го освои Мундијалот во 2026 година.

Откако стана јасно дека Анчелоти ја презема репрезентацијата на Бразил, јавноста во оваа земја е опседната со него и текстови на оваа тема има безброј. Се инсистира на секое неоктриено досега инфо, што остана реално малку, и се оди кон тоа да се откријат сите детали од договорот на искусниот стратег.

 

Претходно„Винисиус ги иритира сите, па и фановите на Реал, Перез треба под итно да го продаде“!
СледноСе знае наследникот на Александер Арнолд во Ливерпул