Фудбалерот на Нотингем Форест, Таиво Авонији е ставен во медицински индуцирана кома.
Авонији заработи повреда на стомакот откако удри во стативата за време на ремито 2-2 со Лестер во 36-тото коло од Премиер лигата. Напаѓачот се обиде да го блокира центаршутот од Итон Еланг на крајот од натпреварот и се повреди сериозно.
27-годишниот фудбалер доби се врати на теренот, но набрзо беше принуден да го напушти. Нотингем Форест денес соопшти дека Авонији бил подложен на итна операција и дека „добро се опоравува“. Според „Дејли меил“, Нигериецот е во индуцирана кома. Лекарите велат дека во најлошите случаи, ваквите повреди можат да бидат и фатални.