Завршниот турнир во М14 лигата ќе се игра во СРЦ „Кале“

39

Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на завршниот турнир од М14 лигата-мажи од Младинските лиги.

Ова е епилогот од состанокот на кој требаше да биде одржано јавното наддавање за добивање на организацискиот дел од собирот на четирите најдобри екипи во оваа возрасна категорија.

Согласно со претходно утврдениот календар, полуфиналните натпревари на кои ќе се сретнат МЗТ Скопје – Струмица Ролинг, односно Работнички и Феникс 2010, ќе се играат на 17. мај (сабота), во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Наредниот ден, 18. мај (недела), на распоред се натпреварите за третото место, односно големото финале по кое ќе биде познат шампионот во оваа категорија од младинските лиги.

Организаторот на финалниот турнир во М14 лигата-мажи, дополнително ќе ги информира учесниците за сатнините во кои ќе се играат натпреварите.

ФИНАЛЕН ТУРНИР М14-МАЖИ

ПОЛУФИНАЛЕ – ДВОЈКИ

Работнички АД – Феникс 2010

МЗТ Скопје АД – Струмица Ролинг

ПретходноРистовски ќе суди на два меча од Сребрената лига, еден и на Македонија
СледноЗавршницата на ракометниот Куп повторно во Охрид