ЖФК Љуботен е освојувач на Купот на Македонија

102

Тимот на ЖФК Љуботен е освојувач на овогодинешниот Куп на Македонија во женска конкуренција. Тимот од Тетово во финалето одиграно на комплексот Петар Милошевски го совлада тимот на Брера Тиверија со 3:0 и заслужено дојде до трофејот.

Струмичанки го издржаа притисокот некаде до 45. минута кога Огочукву погоди за водство. Потоа истата фудбалерка зголеми на 2:0 четири минути подоцна, за да Величковска во 89. минута ги постави конечните 3:0.

Сега Љуботен има отворен пат да освои двојна круна сезонава затоа што е лидер и во домашниот шампионат.

 

ПретходноАко Барса утре стане шампион, играчите нема да слават, туку ќе трчаат во соблекувалната
СледноПретседателот на Бразил е скептик околу изборот на Анчелоти