Добри вести: Фудбалерот на Нотингем Форест се разбуди од кома

156
Фото: Nottingham Forest @NFFC

Фудбалерот на Нотингем Форест, Таиво Авониjи, се разбуди од индуцирана кома по операцијата на желудникот поради сериозна повреда. Toj беше однесен во болница откако се удри со стативата на голот во последниот натпревар против Лестер (2:2) во неделата.

Како што објавува Би-Би-Си, утврдено е дека нигерискиот фудбалер претрпел пукнатина на цревата.

Првата фаза од операцијата беше извршена во понеделник, додека вторникот го помина во индуцирана кома за лекарите да можат да го следат неговото закрепнување.

Вториот дел од хируршката интервенција, вклучувајќи го и затворањето на раната, беше извршен во среда, по што Авонији бил разбуден од кома доцна вечерта.

Клубот од Нотингем најави интерна истрага за начинот на кој била третирана повредата на фудбалерот. Тој доби обемна медицинска помош на теренот по судирот, но даде знак дека може да продолжи да игра.

Сепак, набрзо стана јасно дека не се чувствува добро, но остана на теренот бидејќи неговиот тим немаше право на измена.

ПретходноТежок удар за Флик пред мечот за титула: Играч на Барселона е итно опериран!
СледноМакедонските ракометари денеска ќе ги добијат противниците за Европското првенство 2026!