Веќе извесно време јасно е дека Душан Влаховиќ не сака да потпише нов договор со кој би се ревидирале неговите примања во Јувентус, а сегашниот му истекува следниот јуни во 2026. По ова Јуве сака да го продаде, чека официјални понуди.
Според медиумите во Италија последен на листата кој е силно заинтересиран за Србинот е Атлетико Мадрид. Дали тоа значи дека Диего Симеоне е подготвен да го продаде Хулиан Алварез, се споменуваше Барселона па затоа на негово место би го донел Влахови, засега не е јасно.
Инаку пред да влезе во онаа слаба и непрепознатлива форма во последните неколку месеци, за Влаховиќ имаше голем интерес од повеќе европски клубови како Челзи, Арсенал, па Барса се споменуваше, а во последено време во “игра“ е и Њукасл.
ФОТО: ФЦ Јувентус/ФБ