Како што и најавивме, утре точно на пладне, со прес – конференција, новиот селектор на нашата најдобра фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ќе го објави списокот на играчи на кои ќе смета во претстојниот септемвриски квалификациски циклус. Познато е дека играме дома со Ерменија и Романија, а и гостуваме на селекцијата на Исланд во квалификациите за СП во Катар 2022 година.
На списокот ќе бидат Серафимов, Ашковски, потоа повратникот Јаховиќ…, сепак дилемата е дали и Аријан Адеми, веројатно нашиот најдобар фудбалер ќе се најде на него.
Тој е повреден, утре во реванш средбата од плеј – офот во ЛШ против Шериф, тој нема да биде стартер за Динамо Загреб.
Значи не е целосно фит.