Лацио продава дури 18 фудбалери

434

До крајот на преодниот рок остана уште една недела, а некои клубови се уште не го решиле кадровското прашање за идната сезона. Еден од клубовите кои се во најголеми проблеми околу играчкиот кадар е Лацио. Римскиот клуб не успева да се ослободи од фудбалерите кои се на нивниот платен список со цел да ги намали трошоците. Клубот сака да се ослободи од 18 фудбалери без разлика дали ќе ги продаде или ќе ги позајми, само да ги тргне од својот платен список.

„Сега имаме играчи за три екипи. Мораме да го намалиме играчкиот кадар“, изјави пред неколку денови првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито.

Жоакин Кореа е поврзуван со неколку екипи, а меѓу нив и Интер, но Лотито за него вели дека не е на продажба. Оние што се на излезна врата се Касасола, Џаван Андерсон, Џикек, Кијин, Маистро, Чичерели, Адеканје, Ломбарди, Гондо, Фалбо, Џордан Лукаку, Роси, Џони, Вавро, Дурмиши, Андре Андерсон, Каиседо и Фарес.

Ова лето во Лацио дојдоа Димитрије Каменовиќ од Чукарички, Лука Ромеро од Мајорка, Елсад Хисај од Наполи, Педро од Рома.

ПретходноДочек за хероите од ЕП во карате
СледноУЕФА ги наградува хероите кои му го спасија животот на Ериксен