Можни се промени во ростерот на шпанскиот шампион Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ може да го продадат офанзивниот играч за врска Саул Нигез во Челзи. Преговорите се во тек па ќе видиме што ќе излезе во наредните два дена. Се споменува во зделката да биде вклучен и Тимо Вернер…
Од друга страна Атлетико ќе го ангажира бразилскиот напаѓач Матеус Куња. Овој 22-годишен напаѓач го носеше дресот со број 9 на Бразил на Олимписките игри во Пекинг каде освои злато со својата репрезентација.
Според неколку извори од Шпанија трансферот е речиси реализиран, а Атлетико ќе и плати на Херта 30 милиони евра. Се работи за одличен дриблер, а пред Херта настапуваше за Лајпциг.