Претседателката на државата со честитки до Алкалоид: Триумфално влеговте низ портата на победата, излезете низ неа со пехар!

891

Алкалоид е на 60. минути до историски пехар во ЕХФ Европскиот Куп. Кирил Лазаров и неговите момци направија неверојатен подвиг, го победија АЕК среде Атина со 25-29 во првиот финален меч во ова европско клупско натпреварување. Останува истата игра да ја потврда во недела (25 мај, СЦ „Борис Трајковски) и пред македонската публика да слават трофеј во ЕХФ Европскиот Куп.

На адресата на Алкалоид после големиот триумф во Атина пристигнуваат бројни честитки, а меѓу нив е претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Дафкова.

„Честитки за витешката ракометна битка и победа на „Алкалоид“ над „АЕК“ во првиот натпревар на Европскиот куп. Горда сум на победниците!
Особена благодарност до тренерот Кире Лазаров и главниот спонзор Живко Мукаетов!
Така се бранат македонските бои!
Триумфално влеговте низ портата на победата. Излезете низ неа со пехар в раце“, стои во нејзината објава на социјалните мрежи. 

ПретходноЈокиќ и Денвер декласирани: Оклахома убедливо ја доби “мајсторката“ и се пласира во финалето на западот!
СледноМицов и Хусеиновиќ не ги минаа квалификациите на Македонија Опен