Постекоглу: Пред вакво финале важно е само како да победите

102
фото: Printscreen

Менаџерот на Тотенхем, Анже Постекоглу на прес-конференцијата пред утрешното финале во Лигата на Европа против Манчестер Ј. вели дека кога играте финале, ништо што се случило досега не е веќе важно.

Оваа сезона, Лондончани ги победија „ѓаволите“ во сите три натпревари – 3:0 и 1:0 во Премиер лигата и 4:3 во Лига купот.

„Ова е финале, и такви работи не се важни. Она што го знам е дека дури и да си во форма или во ужасна форма и тоа не е важно. Важно е како играчите се справуваат со ситуацијата, како ја разбираат важноста на играта, а ова важи и за двата клуба. Едноставно не знаете како играчите ќе реагираат на толку голем настан. Мојата улога е да се обидам да ги подготвам играчите на најдобар можен начин. Ако се подготвите така, а потоа излезете таму и играте најдобро што можете, ќе си дадете шанса да победите. Можеби во првенството е малку поинаку, но во големо и важно финале сè се одлучува на денот на натпреварот“, рече главниот тренер на Тотенхем.

ПретходноАморим: И да го освоиме пехарот од ЛЕ тоа нема да ја спаси сезоната
СледноСерија А се уште нема план како ќе му го додели пехарот на Интер ако тој биде шампион