Она што пред две недели беше пренесено како информација, дека Ајакс го поскува во своите редови Елиф Елма, сега е веќе нешто поконкретно. Имено гигантот од Амстердам, некогашен повеќекратен европски првак, има намера да достави понуда до Лајпциг од 12 милиони евра за нашиот Дијамант, Елиф Елмас.
Оваа вест денеска се пренесува во медиумите во Холандија и Италија, па така сега на потег е раководството на “Биковите“ од Лајпциг. Имено познато е дека на Елмас позајмицата во Торино му завршува сега во јуни тој мора да се врати во Лајпциг кој за македонскиот репрезентативец бара 17 милиони евра. За Елмас и Торино е силно заинтересиран, но се чини дека италијанскиот клуб не може да си го дозволи нашиот фудбалер.
По ова сега Лајпциг е на потег.