Ситуацијата со Кристијано Роналдо е комплицирана

780

Кристијано Роналдо е подготвен да замине од Јувентус до крајот на преодниот рок. Но, се чини нема да биде лесно, веќе под голем знак прашалник е неговиот трансфер.

Португалецот дефинитивно нема да потпише за ПСЖ, кој не е заинтересиран за неговите услуги. Во игра останува Манчестер Сити. Ситуацијата е комплицирана.

Менаџерот на Роналдо ги контактирал челниците на премиер-лигашот, кој пак не покажува преголем интерес за португалската ѕвезда. Првите луѓе на клубот не сакаат да платат отштета за него, додека пак Јувентус бара 25 милиони евра или 75 милиони евра помалку од цената која ја платија на Реал Мадрид.

ПретходноПСЖ ја одби првата понуда на Реал за Мбапе
СледноЧолаковски и Божиновски слетаа во Скопје (ФОТО)