Американците ја објавија разликата: Јокиќ беше близу до МВП признанието

980
Фото: Денвер/Твитер

Кошаркарот на Оклахома Сити Тандер, Шеј Гилџес-Александар е прогласен за најкорисен играч во НБА лигата пред Никола Јокиќ кој зад себе има фантастична сезона.

Српскиот кошаркар беше прв фаворит за многумина оваа сезона, сепак, новинарскиот панел го фаворизираше човекот кој незапирливо ги води Тандер до финалето оваа сезона.

Ноќта кога беше прогласен MVP на лигата, беа објавени и комплетните резултати од гласањето на 100 новинари.

71 од нив гласаа за Канаѓанецот на првото место, додека Шеј доби 29 гласа за второто место – тој собра вкупно 913 поени.

Интересно е што Јокиќ имаше 29 гласа за првото место и 71 за второто, што вкупно му донесе 787 поени.

Третопласираниот во трката за МВП е Јанис Адетокумбо кој освои 88 гласа за третото место, вкупно 470 поени, Џејсон Тејтум беше четврти со 311, додека Донован Мичел од Кливленд го освои петтото место со 74 поени.

ПретходноИндијана со нов чудесен пресврт го победи Њујорк (ВИДЕО)
СледноСрам за УЕФА: На Чеферин му снема медали за клучните играчи на Тотенхем (ВИДЕО)