Нема веќе дилеми. Она што беше најавувано со недели наназад, тоа е сега и официјално. Имено откако Шпанија, заедно со Грција, Естонија и Словенија, го доби домаќинството на ЕП 2029, јасно е дека дел од мечевите од овој кошаркарски шамионат ќе се играат и на велелепниот стадион „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Ова беше еден од адутите токму Шпанија да го добие завршниот дел од ова ЕП, ако се знае дека Мадрид како град стоеше и тоа како позади ова.
Инаку во останатите земји ќе се играат натпревари само од групната фаза, а завршницата ќе се игра само во Шпанија.
Како што се наведува од страна на организаторотм, свеченото отварање и првиот натпревар на ЕП 2029 ќе се одржи на “Сантијаго Бернабеу“ пред околу 85.000 гледачи, нешто што досега се нема случено.
Секако дека овој настан ќе биде и повеќе од спектакл.
ФОТО: Реал Мадрид ФЦ/ФБ