Најозлогласениот клуб во Англија добива пребогати газди од С.Арабија?!

1434

Милвол, клуб кој освен неговите фанови буквално никој не го сака на Островот, би можел да стане мега – клуб и како таков да се натпреварува за титулата во Премиерлигата. Имено овој клуб од Лондон е на лош глас и поради своите фанови кој досега никој не ги скротил, дури ни полицијата и на сите ги фаќа страв во коски ако заигра во ПЛ, каде што никогаш не настапувал. Играл во елитата ама тоа било пред 35-40 години.

И сега тој Милвол добива понуда од еден од најбогатите луѓе во С. Арабија, а тоа е Турки Алалшик, кој сака од Милвол да направи нешто слично како што е направено со Њукасл од страна на шеиците од С. Арабија.

Локалците велат дека Милвол не е на продажба, но сепак медиумите истакнуваат дека за добри пари се е на продажба.

Милвол моментално е член во Чемпионшип и ако најавите се остварат тогаш во следната сезона сигурно би се борел за влез во ПЛ, а кога тоа ќе се оствари, е тогаш ќе биде хаос во најсилната лига во светот.

ФОТО: ФЦ Милвол/ФБ

ПретходноИако уште не го преземал Реал, Чаби Алонсо доби убава вест! (ФОТО)
СледноБакс и Јанис си подале рака за нова соработка!