Селекторот на Македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски предмалку и официјално го овбјави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за претстојните квалификациски дуелит со Ерменија, Исланд и Романија.
Составот како таков, секако дека при преземањето на функцијата на Милевски, кому ова ќе му биде и официјално деби на селекторското место добива на нова физиономија, а тој самиот на официјалната прес конференција ги објасни одлуките кои ги донел. Тука да се Ѓоко Зајков и Александар Трајковски, а да нема место на пример во моментов за Егзон Бејтулаи односно Влатко Стојановски. Дел од дебитантите се повикани под закрилата на она што се вели неминовно подмладување на селекцијата по заминувањето на Пандев, Тричковски и Велковски на пример, а дел како освежување со повикот на Адис Јаховиќ.
„Се одлучивме за Зајков и Трајковски затоа што се одлучивме за играчи кои имаат искуство од вакви мечеви. Д,а овие двајца немаат минутажа но ние во моментов немаме замена за играч како Александар Трајковски. Зајков ги помина во целост подготовките со Шарлероа и напраи трансфер во Левски се надевам дека ќе има настап многу бргу“ – изјави селекторот Милевски, а потоа објасни зошто не се тука Егзон Бејтулаи односно Влатко Стојановски.
„Егзон е на поширок список на репрезентација, но не сум задоволен од неговата форма. За таму каде што го планирам бековска позиција, ги имаме Ристовски и Тодоровоски. Истото важи и за Стојановски, што не значи дека се отпишани. Јас немам право никого да отпишувам туку од самите фудбалери зависи дали ќе бидат на списокот“ – рече Милевски.
Адеми не може, се чека нов тест за Бобан Николов
„Бобан Николов е позитивен, но очекуваме да биде на следниот тест негативен по што би ни се приклучил доколку е тоа така. Што се однесува до Адеми во корелација со Динамо и со самиот играч одлучивме дека најбитно за сите во моментов е неговото здравје. Нема да можеме сега да сметаме на него, но сигурно дека очекувам да биде се во ред и да ни се приклучи во октомври“ – изјави нашиот селектор.
Јаховиќ ќе ни биде од голема корист
Конечно, Милевски го даде и своето мислење околу повикот за Адис Јаховиќ, и неговото долго очекувано враќање во репрезентацијата.
„Јаховиќ ќе ни биде од корист. Особено во овој период на транзиција, затоа што тука повеќе ги нема Пандев, Тричковски и Велковски, а ние се наоѓаме во моментов во еден период на подмладување, транзиција. Момците треба да направат се за да го надополнат тоа, и сигурен сум дека тоа ќе го сторат. Се она што овие момци го направија во У21 и во своите клубови имаат капацитет и заслужуваат да се тука, дебитанти во оваа репрезентација, и дека имаат капацитет да го надополнат одуството на сите оние кои повеќе ги нема“ – и објасно Милевски на јавноста.