Евролига Ф4: Панатинаикос на колена пред Фенер, Европа ќе има нов шампион

352
foto: Turkish Airlines EuroLeague (X)

Кошаркарите на Фенербахче го победија Панатинаикос со 82:74 во првото полуфинале од завршниот турнир на Евролигата во Абу Даби и ги симнаа Атињаните од тронот.

Европа ќе има нов кошаркарски крал, a Фенербахче како прв финалист сега го чека подобриот од дуелот Олимпијакос – Монако.

Херои на победата на турскиот тим против Панатинаикос беа Девон Хол и, пред сè, ветераните, 34-годишниот Николо Мели и 37-годишниот Ерик Мекалум, кои ги постигнаа клучните поени во последната четвртина.

Хол го заврши натпреварот со 18 поени (7/10 од поле), погодувајќи важна тројка во последните моменти од играта, а Мекалум ја постигна најважната, нокаутирајќи ги Атињаните, потоа со недостижни 73:66.

ПретходноИ Клоп ќе биде во недела на “Енфилд“ кога Ливерпул ќе го добие пехарот! (ФОТО)
СледноБрера е нов освојувач на Купот на Македонија за младинци (ФОТО)