Бакс и Јанис си подале рака за нова соработка!

84

И покрај вестите за негово можно заминување, Јанис Адетокумбо сака да ја продолжи соработката со Милвоки Бакс.

Според изворите блиски до франшизата, на денешниот состанок меѓу управата на Бакс и Адетокумбо биле донесени одлуки за иднината на грчкиот интернационалец, но и на целокупниот тим. Двете страни се согласиле да ја продолжат соработката, но и да работат на зајакнување на тимот за враќање на шампионскиот трон.

По испаѓањето на Милвоки од првата рунда во плеј-офот пристигнаа вести дека Адетокумбо нема иднина во екипата на Бакс и дека Гркот набрзо ќе побара трејд. Како заинтересирани екипи за услугите на Јанис се јавија Оклахома Тандер и Хјустон Рокетс.

ПретходноНајозлогласениот клуб во Англија добива пребогати газди од С.Арабија?!
СледноМитровски избран во „Тимот на сезоната“ во Хрватска