Нема лек за Индијана на гости, Пејсерси со двоен брејк (ВИДЕО)

135

Индијана поведе со 2:0 во финалето на Источната конференција. Во вториот натпревар одигран во Њујорк, Пејсерс ги победија Никси со 114:109, правејќи огромен чекор кон пласман во големото финале. Ниту еден тим во историјата на НБА не загубил водство од 2-0 во финалето на конференцијата откако ги добил првите два натпревари на гостински терен.

За разлика од минатиот натпревар, во кој Пејсерси направија чудесен камбек за да изнудат продолжение и да победат, овој пат водството се менуваше во текот на целиот натпревар. Во последните три минути, Индијана влезе со водство од +10, но на 14 секунди до крајот, нивното водство беше само еден поен (110:109). Сепак, потоа, Арон Несмит постигна две слободни фрлања, а Џејлен Брансон промаши тројка, а по уште два шута на Мајлс Тарнер, натпреварот беше решен.

Паскал Сиакам беше одличен за Пејсерс со 39 поени (15/23 шут), пет скока и три асистенции. Тарнер постигна 16 поени, а Тајрис Халибартон беше блиску до трипл-дабл со 14 поени, 11 асистенции и осум скока.

На другата страна кај Њујорк, Џејлен Брансо го заврши натпреварот со 36 поени и 11 асистенции. Бриџис и Карл-Ентони Таунс постигнаа по 20 поени и седум скока.

Третиот натпревар од серијата се игра во недела во Индијанаполис.

ПретходноКонте: Луд притисок, но овие момци беа фантастични
СледноЃоковиќ испрати утешителна порака до Јокиќ кој се најде во првата петорка!